Презентацијата на Анализата

„Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија - Велес на ден 6 Јули 2018 година, во хотел „Романтик“, Велешко езеро – Велес, одржа презентацијата на Анализата со наслов „„Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“.

Анализата претставува производ од истражувањето и преземените активности воистоимениот проект кој е поддржан од грант на ЦИВИКА МОБИЛИТАС - проект на швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од швајцарската амбасада во Република Македонија. На настанот пристствуваа претставници од повеќе општини, невладини организации, како и претставници на медиумите. Ги поттикнуваме општините и граѓанските организации да ги практикуваат алатките користени при подготовката на Анализата во функција на евалуација и само евалуација на работењето, како и дефинирање насоки за подобрување на владеењето на локалната демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа.