За проектот

Проект: „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“

Проектот е поддржан од грант на ЦИВИКА МОБИЛИТАС - проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија.

Цели

Општа цел на проектот: Иницирање општествена промена на локално ниво во Република Македонија, за доследно поттикнување и практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето политики на локално ниво

Специфична цел на проектот: Утврдување тесни грла во демократските механизми на локално ниво со цел поттикнување поширока јавна дискусија за зголемување на демократијата и поедноставување на граѓанското учество на локално ниво; развој на адекватни и навремени механизми за консултирања со граѓаните за важни прашања за локалната заедница; насоки за вистинско практикување на локалната демократија/добро владеење и вклучување на граѓаните во креирање на локалните политики.

Очекувани резултати и Активности

Резултати:

  • Резултат 1: Дефинирана методологија за истражување;
  • Резултат 2: Анализа на законската рамка и Анализа на актуелната состојба, практикувањето на демократските механизми и вредности на локално ниво и граѓанското учество на локално ниво;
  • Резултат 3: Изработени заклучоци и препораки за зголемување на демократските вредности на локално ниво и граѓанското учество.

Активности:

  • Активности за Резултат број 1:

    • Усогласување на обемот и улогите на корисниците;

    • Подготовка на ТОР и избор на експерти;

    • Вклучување на ГО за спроведување на активностите;

    • Дефинирање методологија за истражување;

    • Дефинирање критериуми за избор на општините за анализа;

    • Воведна работилница за корисниците;

    • Анализа достапни информации.

  • Активности за Резултат 2:

    • Креирање анкетен прашалник;

    • Теренско истражување на избрани општини;

    • Анализа на резултатите од теренското истражување;

    • Изработка на прв нацрт извештај.

  • Активности за Резултат 3:

    • Ревидирање на Прв нацрт извештај;

    • Изработка на втор нацрт извештај;

    • Презентација на нацрт наодите;

    • Сумирање на забелешките од презентацијата;

    • Изработка на финален извештај;

    • Достава на финалниот извештај до сите засегнати страни и објавување на веб страната на ЗФР.