За имплементаторот

Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија (ЗФР) е невладина, професионална и непартиска организација на финансиски работници (службеници), основана во 1997 година, со цел да:

  • Го зголеми професионализмот на финансиските работници во општините ширум Македонија;

  • Обезбеди форум за ширење на информации за споделување и решавање на прашањата и проблемите со кои општините најчесто се соочуваат и

  • Да служи како застапник за промовирање на интересите на општините во врска со фискалните и буџетските прашања во однос на централната власт.

Групата ентузијасти својата визија за создавање професионална организација на финансиските работници вработени во општините и јавните претпријатија ја претворија во реалност. Поддршката во работењето на целната група стана реалност, а бројот на членовите постојано растеше.

Од 2005 година, главниот фокус на ЗФР е олеснување на процесот на децентрализација во земјата, со посебно внимание врз процесот на фискална децентрализација. При остварување на својата цел, ЗФР има воспоставено одржливи партнерства и има соработувано со сите релевантни национални и меѓународни чинители во областа на управувањето со јавните финансии, како што се: Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, општините (општинските совети, градоначалниците и општинската администрација), меѓународните организации активни во земјата, локалните невладини организации и медиумите.

Здружението перманентно бележи тренд на зголемување на обемот и типот на активностите, при што спектарот на делување е:

  • децентрализација, со посебно внимание на фискалната децентрализација;

  • финансиски менаџмент;

  • процес на буџетирање, партиципативно буџетирање, родово буџетирање, буџет прилагоден на сите корисници / буџетскиот циклус;

  • учество на јавноста во општинскиот буџет циклус и во улога на надзор на Советот на општината;

  • спроведување на попис;

  • финансиско известување;

  • внатрешна ревизија;

  • внатрешна контрола;

  • администрирање на локалните даноци и такси;

  • јавни набавки;

  • стратегии за управување со ризици;

  • транспарентност, одговорност, отчетност;

  • подобрување на комуникацијата на општинската администрација, Советот на општината и градоначалникот, како и граѓаните;

  • меѓуопштинска соработка, Креирање на модели за меѓуопштинска соработка

  • креирање политики на локално ниво - Изработка на интерни акти и процедури за јавни институции, подготовка на стратегии за управување со ризик;

Здружението е лидер и водечки извор на стручни знаења во управувањето со јавните финансии со практикување лидерство во истражувањето и анализата, развојот на капацитетите, ширењето на информации и професионалната надградба на вработените во јавната администрација.

Здружението ги претставува интересите на општините од финансиската сфера.

Работни групи на Здружението учествуваа во подготовка, измени, дополнувања и ревидирања на законски и подзаконски акти од повеќе области на работењето на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавниот сектор, со специфичен офпат на областите поврзани со финансискиот менаџмент.

Здружението на финансиските работници е вклучено во различни активности кои се поврзани со реформа на јавното финансирање и подобрувањето на финансирањето општините. Здружението ги следи новините во законската регулатива, предлага измени и дополнувања, бара мислења и толкувања за одредени одредби од наадлежните министерства и други институции.

Посебно важна е компонентата на постојана обука на членството и корисниците на услугите преку: одржување работилници, обуки, обуки на работно место. Наша цел е постојано да им бидеме од помош на корисниците на нашите услуги. Комуникацијата за одржуваме со користење на различни медиуми, како што се: лична комуникција; преку издавањето на Билтенот; со поставување прашања и доставување одговори.

Здружението е дел од следните мрежи:

Меѓународна мрежа:

  • Мрежа на институти и училишта за јавна администрација во Централна и Источна Европа (NISPAcee).

  • Европска Асоцијација за локална демократија - АЛДА

Локални мрежи:

  • Civica Mobilitas.

  • Мрежа 23

  • Граѓанска мрежа за спречување на судир на интереси во јавната администрација, воспоставена за зајакнување на улогата на граѓанското општество во спречувањето појава на судир на интереси и промовирање на систем заснован на заслуги

  • Мрежа за финансиска одржливост на граѓански организации

  • Здружението е еден од основачите на Асоцијацијата за локална акција за рурален развој Вардар Лидер Градско

Здружението е отворено за партнерства и соработка.

Здружението на финансиски работници е невладина, непрофитна, професионална асоцијација која:

  • Го зголемува професионализмот на вработените од областа на финансиското управување и контрола (ФУК) и внатрешната ревизија (ВР) кај ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор.

  • Обезбедува форум за ширење на информации, добри практики, знаење и искуства;

  • Служи како претставник на интересите на ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор во областа на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија

  • Гради широка мрежа на партнери и промовира соработка и добро владеење.

Национална асоцијација за обезбедување на обука, размена на информации, добри практики, знаења, искуства и развој во областа на ФУК и ВР во ЕЛС, буџетите и буџетските корисници, ЈП и други субјекти од јавниот сектор.